25 ноември 2025 ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани, Ве известуваме дека е испратен е-маил (проверете и spam/junk) до сите колеги чија уплата е извршена по пополнување на предвидениот број на уплати за симпозиум со меѓународно учество во организација на Здружение на специјалисти по СТОМАТОЛОШКА ПРОТЕТИКА МСД Скопје, кој ќе се одржи на 29.11.2025 година.
19 ноември 2025 ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани колеги, Ве известуваме дека од сметката на Здружение на специјалисти по ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА МСД Скопје се вратени средствата на сите колеги кои имаа доцна уплата и немаа можност да добијат сертификат со бар-код за симпозиумот со меѓународно учество, кој се одржа на 8.11.2025 година во хотел Холидеј Ин во Скопје.